страници само мн.
страница ж.
страник м.

страници (само мн.)

Сѐ беше како некогаш, подготвено за патување по брановите на времето, по страниците на отворените книги.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Веројатно со текот на времето, ним ќе им се придружат и други автори чиишто имиња се присутни на страниците на оваа книга.
„МАРГИНА бр. 34“ (1996)
Господи Боже, отворени беа страниците на вековите тие музи и мириси што раскажуваа некакво будење и селидби...
„Чекајќи го ангелот“ од Милчо Мисоски (1991)
За неа животот на семејството беше нејзината единствена голема отворена книга, а деновите, страници на семејството, на нејзините деца.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Во богатото и разнородно книжевно дело за деца и млади на Ванчо Николески, во недоброј убави и толкупати недоречени и незавршени страници од писателовата идеја и мисла, по неговиот знак на препознавање „Волшебното самарче“, секако и романот „Гоце Делчев“ е во редот на оние негови дела по кои ќе го познаваме и помниме.
„Гоце Делчев“ од Ванчо Николески (1964)
Пишуваше драма – еден дел од животот на Сандино – во која американскиот стипендист пука во Американците со пушка на прадедо му, прочуениот ловец на бизони, мајката го губи едното дете, близначе, а другото, престорено во бувче, ноќе ги колве очите на окупаторските војници, убавицата води љубов не само со целото село, туку и со сеништата, вампири, духови на претците – сѐ тоа набиено на шеесетина страници.
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)